Драги апликанти,

Многумина раскажуваат,  дека времето поминато на Универзитетот е едно од најдобрите искуства во нивните животи. Ова секако ќе биде вистина за оние кои одбираат да студираат на Универзитетот VUZF во Софија, каде ќе живеете и ќе студирате. Живеј во Софија, тој е  возбудлив, космополитски град  и доживејте ја 24 часовната врвулица во студентска и пријателска култура.
Искусете се што ви нуди Софија од прва рака и понесете спомени кои ќе ви траат цел живот.

Ваш град: Софија
Како главен културен центар, денес Бугарија е демократска парламентарна република и членка на Европската Унија и НАТО. Софија е главен град на Бугарија. Градот претставува прекрасно место за живеење и забавување, посебно за младите луѓе. Голем дел од шармот кои го поседува, Софија и го должи на космополитската атмосфера како и на различните можности за забава и туристичката атракција. Посетителите можат да одберат повеќе од 3000 ресторани, кафетерии и барови кои нудат прекрасна храна и огромен избор на високо квалитетни вина. Трошокот за живеење во Бугарија е помеѓу најнискиот во Европа.
Софија претставува регионален главен центар на културен, уметнички и ноќен живот. Градот има многу да понуди во областа на забавата и рекреацијата, вклучувајќи 31 кино, 23 театри, 27 музеи и голем број на ликовни галерии и изложбени сали. Градот е домаќин на бројни интернационални концерти.

Посветени на студентите
Самиот факт што Вие размислувате да студирате на VUZF Универзитетот, Вие сте многу важни личности за нас. Затоа ние ќе ве третираме како ВИП.
Нашиот меѓународен студенски тим за подршка е посветен за да Ви помогне и да Ве поддржи за време на Вашиот престој на VUZF Универзитетот.

Услуги за поддршка:
 информации пред пристигнување - се што треба да знаете пред да допатувате во Софија
 запознај се и поздрави се - услуга за ново-пристигнати студенти
 интернационален студентски прирачник - корисни информации кои ќе Ви требаат за првите недели во Универзитетот
 организирање социјални настани - за поголема помош при Вашето сместување, организираме настани како што се студентскте забави за добредојде
 општи информации - совети и водење низ студиите,прашања од областа на финансиите и благосостојбата

Нашето национално и интернационално реноме

Квалитет на реномето
 Правилата се утврдени од страна на Националното заседание на иницијатива од бизнис заедницата
 Ова е првиот Бугарски универзитет специјализиран од областа на финансиите, осигурувањето, социјалното осигурување, менаџментот  и маркетинг
 Рејтинг на акредитација - одлично сме рангирани од Националната Агенција  за котирање и акредитирање и имаме програма и институтска акредитација. Универзитетот има инкорпорирано меѓународен квалитетен менаџмент стандард  ИСО 9001:2000


Репутација-работно искуство
 остваруваме тесна соработка со најдобрите работодавачи за да им обезбедиме на нашите студенти значителен развој, значајни вештини и искуство за успех во кариерата- Allianz, Raiffeisenbank, Unicreditbulbank, ING  и други.
 имаме одличен процент од 90%-на запосленост кај дипломираните студенти. Согласно нивните квалификации студентите стекнуваат персонални и професионални вештини кои им се потребни за нивен иден развој и вработување

Made in Calipers